Фудбалерите на Челси гостуваат кај градскиот ривал Кристал Палас. Потребна им е победа за да ја задржат предноста во однос на Манчестер Јунајтед на четвртата позиција во Премиерлигата.
Дуелот започна како што посакуваа во синиот табор, Оливие Жиру во шестата минута по додавањето на Вилијан го совлада Гуаита.
Акцијата на Бразилецот е предизвика веднаш полемики бидејќи во моментот кога Вилијан ја прими топката играчот кој го чуваше, Гери Кејхил, падна како покосен. Веднаш стана јасно дека поранешниот играч на Челси се здоби со потешка повреда.
Вилијан сепак ја продолжи акцијата која подоцна им донесе предност.
Olivier Giroud scores to put Chelsea ahead just 5 minutes in!
Willian capitalises on Cahill’s unfortunate hamstring issue, and Giroud finishes calmly. 1-0. pic.twitter.com/HINqstA2EH
— LDN (@LDNFootbalI) July 7, 2020
Во минатото во слична ситуација беше легендарниот Италијанец Паоло Ди Канио, но тој наместо да постигне гол ја фати топката и побара да му се укажа помош на противникот.