Top Sport

Вилјареал го отпушти Кике Сетиен

Шпанскиот тренер Кике Сетиен е разрешен од функцијата шеф на стручниот штаб на Вилјареал, официјално потврдија од клубот.

Вилјареал имаше катастрофален почеток на сезоната, бидејќи клубот од „Естадио де Керамика“ забележа еден триумф и три порази во првите четири рунди.

Од клубот потврдија дека договорот со 64. годишниот е раскинат и дека спортскиот директор Мигел Анхел Тења ќе биде привремено решение до ангажирање на нов стратег.

Сетиен го презеде Виљареал во октомври, кога го замени Унаи Емери. Тој го предводеше тимот на 39 натпревари, со учинок од 18 триумфи, 15 порази и шест натпревари кои завршија со поделба на бодовите.

Во текот на кариерата шпанскиот тренер ги водеше и Барселона, Бетис, Лас Палмас, Луго, Логроњес и репрезентацијата на Екваторијална Гвинеја.

Следниот натпревар на Вилјареал е против Алмерија на 17 септември од 16:15 часот.

Scroll to Top