На ваков радикален чекор, на само ден пред почетокот на првенството, челниците на Фудбалскиот сојуз на Шпанија, предводени од претседателот Луис Рубијалес, се решиле бидејќи биле незадоволни што Реал Мадрид, во предвечерието на мундијалот, објави дека актуелниот шпански селектор Хулен Лопетеги ќе го наследи Зинедин Зидан.
Фудбалскиот клуб Вилљареал соопшти дека нов играч на клубот е Жерар Морено. Напаѓачот на „Ел Мадригал“ пристигна од Еспањол.
Виљареал, во соопштението, наведе дека 26-годишниот Морено потпишал пет годишен договор. Еспањол од трансферот ќе инкасира 20 милиони евра.
Морено е поранешен играч на Виљареал, во периодот од 2012 до 2015 година за „жолтата подморница“ одиграл 40 натпревари и постигнал 10 гола.
Жерар Морено, во изминатите три години постигна 39 гола за Еспањол. Вољареал минатата сезона ја заврши на петтото место во Примера.