Top Sport

Баркли е „мајстор“ за ФА куп – Челси се пласираше во полуфинале (видео)

Челси е третиот полуфиналист во англискиот ФА куп по Манчестер јунајтед и Арсенал, откако на тешкото гостување кај Лестер на „Кинг Пауер“, го имаа „џокерот“ Рос Баркли кој го постигна единствениот гол за 1:0 победа. Вечерва ќе се знае и последниот учесник на мини-турнирот на „Вембли“ по мечот Њукасл-Манчестер сити.

Човек на одлука за Френк Лампард беше Рос Баркли, кој во 63. минута најдобро се снајде по нафрлувањето на Вилијан за да го постигне својот трет гол во ФА купот од вкупно четири гола за „сините“ во 2019/20. Покрај тоа, тој вкупно има четири гола во куп-натпреварувањата во Англија во споредба со вкупно три во Премиер лигата.

Со ова се продолжува лошата форма на „лисиците“ по рестартот на фудбалот во Англија, откако во двата меча од Премиер лигата, двапати одиграа нерешено, додека Челси сега има три победи во три меча.

Scroll to Top