Top Sport

Меси и Нејмар неразделни на првиот отворен тренинг на ПСЖ

Пари Сен-Жермен им дозволи на новинарите да присуствуваат на првиот отворен тренинг на клубот по пристигнувањто на Лионел Меси од Барселона и, секако, прво се забележа дека тој не се разделува од својот поранешен соиграч Нејмар Јуниор.

Меси нема да биде дел од утрешниот меч против Стразбур, но почна да тренира со своите аргентински сонародници Анхел ди Марија, Леандро Паредес и Мауро Икарди, но, очигледно тој не беше најблиску до нив, туку до својот стар пријател Нејмар.

Бидејќи немаше пред-сезона, дебито на Меси најверојатно ќе се случи на 20 или 29 август, против Брест или Ремс, по што на крајот на месецот следува интернационалната пауза.

Scroll to Top