Top Sport

Вилшир го извади од памет Рајс, па му честиташе роденден (видео)

Фудбалерот од средниот ред на Вест хем, Деклан Рајс ќе го памети својот 21. роденден, откако неговиот соиграч Џек Вилшир го извади од памет откако влезе во огромна машина за сушење алишта.

Во видеото објавено на Инстаграм профилот на поранешниот фудбалер на Арсенал, Вилшир, тој влегува во машината за сушење алишта, додека Рајс, кој денеска наполни 21 година, смирено поминува покрај него, пред Вилшир да почне да вреска.

Оваа шега доаѓа шест месеци откако фудбалерот на Челси, Мејсон Маунт му приреди уште една сурова шега на неговиот добар пријател Рајс додека двајцата беа на одмор заедно. На сонцето во Дубаи, Рајс решава да ремне, по што Маунт почна да му вреска во лице.

Scroll to Top