Top Sport

Зајон Вилијамсон заспа чекајќи на деби во НБА лигата (видео)

Сите љубители на кошарката минатата сезона слушнаа за монструозниот млади кошаркар кој би требало да го наследи „кралот“ Леброн Џејмс. Зајон Вилијамсон доминираше во колеџ-кошарката, што го стави на врвот кај најпосакуваните кошаркари на драфтот.

Лотаријата им падна на Њу Орлеанс Пеликанс, но тој се уште го чека своето деби на официјален НБА меч. Играше во претсезоната, па доживеа повреда на коленото поради што мораше на операција.

Очигледно е дека Вилијамсон нема да може да дебитира ниту овој месец. Сепак тој е со својот тим, барем физички.

Последните моменти од синоќешниот меч на „Пеликаните“ против Детроит Пистонс буквално го преспа:

Scroll to Top