Поранешната ѕвезда на Арсенал, Џек Вилшир повторно проговори за своите маки да си пронајде клуб, признавајќи дека не знае што да им каже на своите деца кога ќе го прашаат зошто не игра за некој клуб.
Фудбалерот од средниот ред играше за Вест хем и Бурнемаут по заминувањето од Арсенал во 2018, но не се најде во долгорочните планови на двата клуба, и вели дека иако ги надминал повредите и има само 29 години не може да најде клуб.
„Денеска трчав на атлетската патека и си помислив како стигнав до ваков момент во мојата кариера. Моите деца се веќе на возраст во кои ги ги разбираат работите, посебно синот Арчи, кој има 9 години. Тој дури ме прашува: ‘Што е со МЛС? Зошто не играш во Ла лига?’. Тешко е да му објаснам дека ниту еден клуб не ме сака. Кога ќе излезам, луѓето ме препознаваат и ме прашуваат каде ќе играм“, вели Вилшир за „Атлетик“.