Top Sport

Вилшир заврши во Вест хем, па изјави дека секогаш навивал за нив!

Џек Вилшир, конечно, кажа збогум на Арсенал по 17 години, потпишувајќи тригодишен договор со Вест хем, откако му заврши договорот со „топчиите“ на крајот на јуни, а новиот тренер Унаи Емери му изјави дека за него нема место во стартниот тим.

28-годишниот Вилшир, кој се мачеше со повреди во последните сезони, беше и на позајмица во Бурнемаут пред да се врати во Арсенал во обид да обезбеди место во англиската репрезентација за Мундијалот. На крајот, тој не успеа да влезе меѓу 23. фудбалери на Герет Саутгејт иако има 35 гола во 77 настапи за „трите лава“.

„Сите знаеме дека Вест хем е голем клуб со фантастични навивачи и возбуден сум што ќе гирам тука. Сите кои подобро ме познаваат, знаат дека од моето детство имам посебни чувства кон Вест хем. Имам и фотографии со дрес на Вест хем и честопати одев на ’Аптон парк’. Добар дел од моето семејство исто така се навивачи на Вест хем“, изјави Вилшир.

Scroll to Top