Top Sport

Вини му се заблагодари на Анчелоти: За мене, тој е како татко

Бразилскиот напаѓач на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор го испофали својот тренер од шпанскиот клуб, Карло Анчелоти, велејќи дека тој е одговорен за неговите добри игри на Мундијалот. Вини пристигна во Катар не знаејќи дали ќе добие шанса да биде стартер за Бразил, но пред четврт-финалето со Хрватска в петок, малкумина се сомневаат во неговата вредност за селекцијата на Тите.

„Зборував со Анчелоти и тој ми даде многу совети за тоа како да се изборам да бидам стартер за Бразил. Од него добив само голема самодоверба. Тој знаеше да биде строг со мене, но тоа беше потребно. За мене, тој е како татко. Тој не само што е добар во техничкиот аспект на фудбалот, туку и во човечките односи. Анчелоти и Тите се многу слични во начинот на кој зборуваат“, вели Вини.

Scroll to Top