Винисисус Жуниор доби шпанско државјанство, соопшти неговиот клуб Реал Мадрид.
„Нашиот бразилски играч Винисиус Жуниор во петокот на 2. септември положи заклетва за верност на шпанскиот устав и со тоа се здоби со шпанско државјанство“, соопштија од мадридскиот клуб.
Винисиус дојде во Шпанија, односно во Реал Мадрид за 45 милиони евра како 18-годишник од Фламенго.
Досега за Реал одигра 175 натпревари на кои постигна 39 голови и 45 асистенции. Тој е важен дел од тимот на тренерот Карло Анчелоти, за кого сезонава постигна три голови и имаше две асистенции на пет натпревари.
„Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на Винисиус на 100 милиони евра, а неговиот договор со Реал истекува во 2024 година.