Top Sport

Винисиус ја одбил „десетката“, му ја препуштил на Нејмар

Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, донесе одлука која го привлече вниманието на локалната јавност во последните денови. Италијанскиот тренер, по три години го врати Нејмар во репрезентацијата за претстојното Светско првенство. Враќањето на Нејмар отвори и дебата за култната „десетка“, односно кој ќе го ноди овој број на грбот.

На почетокот се чинеше дека легендарниот напаѓач ќе остане без бројот што го следеше низ целата негова репрезентативна кариера. Медиумите дури тврдеа дека Нејмар би можел да го носи бројот 13, додека „десетката“ беше наменета за помладиот лидер на тимот, Винисиус Жуниор.

Сепак, следеше целосен пресврт. Според бразилските медиуми, Нејмар сепак ќе го носи бројот 10 на дресот за време на Светското првенство. Клучна улога во тоа имале Винисиус Жуниор и Рафиња, кои ја одбиле можноста да го преземат бројот со култетн статус во Бразил. Решиле дека „десетката“ му припаѓа на Нејмар.

Со тоа, соблекувалната испрати јасна порака дека и покрај доаѓањето на новата генерација, Нејмар сепак има посебен статус во бразилската репрезентација.

Бразилските медиуми објавуваат дека Анчелоти не сакал директно да се меша во одлуката на играчите, но очигледно било дека новиот тренер сакал да постави поинаква хиерархија во тимот. Сепак, помладите фудбалери покажале големо почитување кон човекот кој со години беше заштитно лице на националниот тим.

Иако ќе ја носи „десетката“, се очекува Нејмар овој пат да нема улога на апсолутен лидер и сигурен стартер. Планот на тренерскиот штаб наводно е да биде џокер од клупата, фудбалер кој може да го промени текот на играта со еден потег.

И неговата физичка состојба привлекува големо внимание. Нејмар сè уште се опоравува од проблемот со повредата и не е целосно подготвен, поради што не се очекува да игра многу за време на турнирот.
Сепак, самиот факт што беше меѓу 26-те избрани играчи се смета за голем успех по сè низ што помина во претходните месеци.

Нејмар дебитираше за Бразил пред 16 години, а оттогаш одигра 128 натпревари и постигна 79 гола, што го прави најдобар стрелец во историјата на националниот тим. Затоа неговиот авторитет во соблекувалната сè уште има огромна тежина, без оглед на тоа колку време поминува на теренот.

Бразил доаѓа на Светското првенство со јасна цел да ја освои титулата што ја чека од 2002 година.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');