Top Sport

Винисиус: Покажав на грбот бидејќи играм во најдобриот клуб на светот!

Винисиус Жуниор е на добар пат да стане миленик на публиката на „Сантијаго Бернабеу“, откако го постигна првиот гол во 2:0 победата над Барселона, станувајќи најмлад фудбалер кој постигнал гол на „Ел класико“ во 21. век.

Бразилецот со 19 години и 233 дена го помина рекордот на Лео Меси, кој во 2007 година даде гол на Реал кога имаше 19 години и 259 дена, а со Кристијано Роналдо на трибините, тој реши да го имитира неговиот стил на прославување.

„Покажав на грбот на дресот бидејќи играм во најдобриот клуб на светот и сакам навивачите да се среќни. Знаев дека мојот момент ќе дојде и работев напорно на тренинзите. Додавањето на Крос? Постојано го тренираме тоа и мораме да бидеме уште подобри. Прославата? Играм за најдобриот клуб на светот!“, вели Винисиус.

 

Реал го има Винисиус! Тинејџерот го сруши рекордот на Меси и славеше како Роналдо! (видео)

Scroll to Top