Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор влезе во конфликт со претседателот на шпанската Ла лига, Хавиер Тебас околу ставот на лигата со расизмот во шпанскиот фудбал.
Во саботата, Бразилецот ја обвини Ла лига дека не прави ништо за расистичките фанови на мечевите, откако неколку видеа на социјалните мрежи покажуваа како тој е мета на навреди и кон него се фрла со различни предмети. Ла лига се јави со соопштение осудувајќи го однесувањето на навивачите на „Хозе Зорилја“ стадионот во Валјадолид, каде што Реал стигна до 2:0 победа.
„Расистите продолжуваат да бидат на стадионите и да го гледаат најголемиот клуб на светот, а Ла лига продолжува да не прави ништо. Ќе ја држам главата високо и ќе ги прославувам моите победи и победите на Мадрид“, напиша Вини на Твитер.
Тебас му одговори со критики.
„Во Ла лига со години се бориме со расизмот. Винисисус, несреќно и нефер е да зборуваш дека Ла лига не прави ништо за расизмот. Информирај се подобро. Сите сме достапни да го правиме тоа заедно“, напиша Тебас.
Os racistas seguem indo aos estádios e assistindo ao maior clube do mundo de perto e a @LaLiga segue sem fazer nada…
Seguirei de cabeça erguida e comemorando as minhas vitórias e do Madrid.
No final a culpa é MINHA. 🤙🏿 pic.twitter.com/5ztuTjP4s6— Vini Jr. (@vinijr) December 31, 2022