Top Sport

Винисиус Жуниор ќе остане „крал“ и во наредните пет години

Напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, ќе го продолжи договорот со клубот. Според „Кадена Сер“, новиот договор на Винисиус со Реал Мадрид ќе биде на пет години.

Договорот ќе содржи и ослободителна клаузула од една милијарда евра. Забележано е дека Винисиус ќе добие бонус доколку ја освои „Златната топка“.

Винисиус му се приклучи на Реал Мадрид во летото 2018 година. Минатата сезона, бразилскиот напаѓач одигра 33 натпревари во Ла Лига, постигнувајќи девет гола и забележувајќи девет асистенции.

Scroll to Top