Top Sport

Владата дозволи да се игра, но Премиерлигата одлучи дека нема фудбал викендов

Британската влада дозволи да се игра, но, сепак, раководството на Премиерлигата одлучи претстојните три дена во текот на викендот да нема фудбал во Англија. Во знак на респект кон покојната Кралица Елизабета Втора, клубовите одлучиле да го поддржат предлогот на челниците на Премиерлигата и да не играат натпревари во сабота, недела и во понеделник.

Претходното, владата на Велика Британија им соопштила на фудбалските лиги дека натпреварите може да продолжат овој викенд, но ја остави конечната одлуката во рацете на раководните тела на самите лиги. И покрај згуснатиот распоред на натпревари во Премиерлигата, одлучено е сепак да нема фудбал претстојниот викенд.

 

Scroll to Top