Србија на „Рајко Митиќ“ во Белград стигна до убедлива 4:0 победа над домаќинот на Мундијалот во 2022, Катар, во последниот тест на репрезентацијата на Драган Стојковиќ-Пикси пред клучната пресметка со Португалија за пласман на СП.
Србија во недела гостува кај Португалија, која што ако вечерва победи на гости кај Ирска ќе избие на првото место во групата А во квалификациите за СП.
Саша Лукиќ им донесе водство на „орлите“ во финишот на првото полувреме, по што Лука Јовиќ во 51. минута зголеми на 2:0, за само две минути подоцна голгетерот на Фиорентина, Душан Влаховиќ да стрела за 3:0. Влаховиќ потоа му асистираше на Сергеј Милинковиќ-Савиќ во 83. минута за конечни 4:0.