Top Sport

Влаховиќ му донесе триумф на Јуве против Калјари

Јувентус се врати во победнички ритам во Серија А совладувајќи го Калјари на гости со 1:2. Душан Влаховиќ беше стрелец на победничкиот гол за „старата дама“ во 75.минута од дуелот, на асистенција на Пауло Дибала.

Калјари на почетокот направи изненадување и дојде до водство со голот на Жоао Педро во 10.минута, но израмни Матијс де Лихт пред крајот на првото полувреме. Во вториот дел сепак Јуве успеа да стигне до трите бода.

Scroll to Top