Серија А го прогласи Душан Влаховиќ за најдобар млад играч оваа сезона во Италија. Напаѓачот сезонава постигна 21 гол за Фиорентина. На листата на најдобри стрелци пред него беа само Кристијано Роналдо, Ромелу Лукаку и Лукас Мјуриел.
Влаховиќ има 21 година, со она што го демонстрираше оваа сезона го привлече вниманието на неколку врвни европски клубови. АНеговиот договор со Фиорентина истекува за две години.
Според италијанските медиуми, Влаховиќ може да ја напушти Фиорентина само доколку некој за нег понуди 80 милиони евра.