Top Sport

Влаховиќ не застанува, Фиорентина сега е шеста, хет-трик на Пашалиќ за Аталанта

Душан Влаховиќ со секој нареден меч си ја зголемува својата цена, откако повторно беше стрелец за Фиорентина при 3:1 победата над Сампдорија во 15. коло во Серија А, за Виола да се искачи на шестото место на табелата. Аталанта, пак, го декласираше новиот прволигаш Венеција со 4:0 за четврта победа во низа и четврто место на табелата.

Маноло Габијадини ги изненади фановите на Фиорентина на „Артемио Франки“ со гол во 15. минута од мечот, но домашниот тим бргу се созеде и израмни преку Хозе Калехон во 23. минута, пред Влаховиќ само девет минути подоцна да донесе водство за Фиорентина. Рикардо Сотил во финишот на првото полувреме ја потврди победата.

Ова беше 29. гол во Серија А во календарската 2021 година за 22-годишниот Влаховиќ, остварување кое досега го имаат направено само тројца странски фудбалери – Ернан Креспо (2001), Гонзало Игуаин (2016) и Кристијано Роналдо (2020).

За Аталанта пак, блесна хрватскиот репрезентативец, Марио Пашалиќ, кој постигна хет-трик за убедливата победа над Венеција. Со овие три гола, Пашалиќ има 6 гола и 5 асистенции во 15 кола за клубот од Бергамо оваа сезона.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top