Top Sport

Влаховиќ со нов договор со Фиорентина за 6 милиони евра по сезона!

Напаѓачот на Фиорентина, српскиот фудбалер Душан Влаховиќ ќе потпише нов тригодишен договор со „виолетовите“ со кој ќе заработува по 6 милиони евра по сезона, пишува „Кориере дело Спорт“.

Информациите се дека неговиот договор со клубот од Фиренца истекува во 2023 година, а клубот му понудил соработка до 2025 година, а притоа е „врзан“ со откупна клаузула од 80 милиони евра.


Последниот негов погодок во виолетовиот дрес беше изминатиот викенд (31-ви за Фиорентина), вкупно шести сезонава, 4 во Серија А и два гола во Купот на Италија.

Минатата сезона Влаховиќ беше стрелец на 21 гол во Серија А.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');