Напаѓачот на Фиорентина, Душан Влаховиќ признава дека не сакал да му пречи на Златан Ибрахимовиќ по „посебната“ 4:3 победа над Милан, и откри што му кажал Кристијано Роналдо откако Србија ја победи Португалија на гости и се пласираше на Светското првенство.
Влаховиќ е еден од најпосакуваните млади напаѓачи на светот со 10 гола во 13 меча во Серија А, вклучувајќи два гола против „росонерите“ минатиот викенд.
„Мечот против Милан беше сон! Но, како и во секоја работа, минатото веќе е заборавено и најважно е тоа што доаѓа во иднината. Не ги следам многу медиумите, но вестите стигаат до мене. Златан ми кажа ма српски да не се предавам и да продолжам напред, а ми напиша и порака на неговиот дрес на наш јазик. Сите ги знаат приказните за Ибрахимовиќ, кој ми останува идол. Не мислам дека сум негов наследник, бидејќи секо треба да го оди својот пат. Тој е голем шампион, еден од најдобрите на светот, но уште треба да работам да бидам на тоа ниво“, вели Влаховиќ во интервју за српскиот „Телеграф“.
Тој потврди дека разговарал и со ѕвездата на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо по 2:1 победата и елиминацијата на Португалија.
„Татко ми ме научи по секој натпревар, без разлика дали си победил или загубил да зборуваш со своите ривали, да се ракуваш со сите и со судијата и го правам тоа постојано. Отидов тогаш кај Кристијано, и тој беше лут и нервозен. Единствено што ми кажа е дека неговиот гол во Белград требаше да биде признаен. Му посакав среќа во баражот, бидејќи тој е еден од најдобрите“, вели Влаховиќ.