Top Sport

Во Баерн сигурни: Лева не оди во Мадрид

Тренерот на Баерн Минхен, Јуп Хајнкес е сигурен дека полскиот напаѓач Роберт Левандовски ќе остане во неговиот клуб и покрај сè поголемите шпекулации дека на лето заминува во Реал Мадрид.

Хајнкес вели дека не може да замисли Баерн да ја одобри продажбата, откако Полјакот неодамна го смени својот агент Цезари Кухарски со кого работеше 10 години и го ангажираше Пини Захави, човекот кој имаше улога во рекордниот трансфер на Нејмар од 222 милиони од Барселона во ПСЖ.

Шпанските медиуми објавија дека Захави веќе контактирал со Реал Мадрид и со други шпански клубови, но Хајнкес не верува во тоа.

„Тоа е една интерпретација на настаните. Мислам дека нема ништо лошо во тоа фудбалер да го смени својот агент, но не можам да зборувам за мотивите. Тоа не значи ништо за нас, бидејќи го познавам начинот на кој се работи во Баерн. Ние не сме клуб кој ги продава најдобрите играчи, туку тие сакаат да останат со нас. Не можам да замислам дека има шанса да го продадеме“, вели Хајнкес.

Левандовски го отпуштил менаџерот

Scroll to Top