Top Sport

ЗОИ: Ледецка со историја – победи и во сноуборд! (видео)

Естер Ледецка стана изненадувачката хероина на Олимпијадата во Пјонгчанг, откако седум дена откако стана првата сноубордерка со злато во алпското скијање (супер-џи), Чехинката триумфираше и во паралелен велеслалом во сноуборд.

Таа не само што е првата спортистка која се натпреварува на највисоко ниво во двата спорта, туку и првата која стигнала до трофеј во двата спорта. Од 26. место во супер-џи трката (кога повеќето ТВ-преноси веќе завршија), 22-годишната Чехинка ги шокираше специјалистките за трките со победа за 0.01 секунди во еден од најпрепознатливите моменти на Олимпијадата.

Победата во паралелниот велеслалом, каде што е и актуелна светска шампионка не беше толку голем шок. Ледецка, која доаѓа од познатото чешко семејство Ледецки, го следи примерот на нејзиниот дедо, Јан Клапац, кој освои олимписка бронза во хокеј на мраз во 1964 и сребро во 1968 година со репрезентацијата на поранешна Чехословачка. Таткото на Ледецка е познат музичар.

Во машката трка во паралелен велеслалом, златото отиде кај Швајцарецот Невин Галмарини, кој го совлада домашниот фаворит Ли Санг-Хо за титулата. Галмарини, кој освои сребро во Сочи во 2014 година, беше за 0.43 секунди пред Ли, додека бронзата ја освои Словенецот Жан Кошир, кој го победи Французинот Силван Дуфур во малото финале.

Во третата и последна сноуборд дисциплина во саботата, Канаѓанецот Себастиен Тутан победи во дебито на „биг ер“ дисциплината на Олимпијадите со одлична стратегија во „Алпенсија“ центарот.

Тутан имаше скокови од 84.75 и 89.50 во првите две рунди, за на крајот да освои злато пред Американецот Кајл Мек, додека Британија освои бронза преку Били Морган.

Сензација во супервелеслалом, златото оди во Чешка

Scroll to Top