Фудбалскиот клуб Барселона се наоѓа пред колапс. Докази дека ситуацијата во клубот е тензична добиваме секој ден. Клубот се наоѓа во лоша финансиска ситуација, резултатите се далеку од реномето на клубот, а никој не знае што ќе биде со тренерот Роналд Куман.
Барселона, синоќа, доживеа уште еден понижувачки пораз во Лигата на шампионите. По поразот од Баерн (3:0), со ист резултат загубија од Бенфика во Лисабон. Барса без бод и без постигнат гол е последна во Е-групата.
Челниците, наводно, донеле одлука за иднината на Куман да решаваат додека трае репрезентативната пауза. И така, Куман, поради суспензијата нема да го води тимот во сабота, против Атлетико во Мадрид.
Куман, според медиумите, ќе го наследи Чави или Роберто Мартинез.
Состојбата во клубот ја коментирал и поранешниот играч, Луис Суарез. Уругваецот, кој минатото лето Куман го избрка од клубот, го советува чави да не брза со одлуката да стане тренер на Барселона.
„Во Барселона се води војна која им штети на играчите. Го советувам Чави да почека. Ова не е иделано време да се врати во клубот. Паметен е, мора да го чека вистинскиот момент“, изјавил за „Спорт“, уругвајскиот напаѓач.
Луис Суераз го носеше дресот на Барселона од 2014 до 2020 година. На 283 натпревари, Уругваецот постигнал 195 голови и забележал 113 асистенции. Минатото лето откако го избркаа од Барслеона, со 21 гол, му помогна на Атлетико да ја освои титулата во Шпанија.