Top Sport

Во Бразил падна најфантастичниот случаен гол

Во државниот шампионат на покраината Бахија во Бразил, падна еден од најсреќните случајни голови, каков што е многу тешко да се повтори.

Во дуелот на две мали екипи Жакупиенсе и Досе Мел (во превод „сладок мед“), фудбалерот на Жакупиенсе, Жеам најверојатно се обидуваше да извлече пенал кога беше во дуел со двајца противнички фудбалери, но кога падна, ја „закачи“ топката која успеа да го совлада немоќиот голман. Ова беше единствен гол на мечот.

Дел од коментаторите на Интернет велат дека ова мора да е кандидат за „Пушкаш наградата“ на ФИФА за најубав гол.

Scroll to Top