Top Sport

Обамејанг пратен дома по компликациите по инфекцијата со КОВИД

Фудбалската федерација на Габон потврди дека ќе дозволи капитенот Пјер-Емерик Обамејанг ќе се врати во Арсенал по здравствените проблеми на Африканскиот куп на нации.

Обамејанг немаше настап на шампионатот во Камерун откако беше позитивен на КОВИД-19 на 6 јануари, а потоа пред камбекот на мечот со Гана не му беше дозволен настап поради проблеми со срцето, заедно со својот колега Марио Лемина.

„Од вчера, одлуката беше тие да се вратат во своите клубови. Не можеме да направиме вистинска проценка на КОВИД тука во Камерун. Затоа е важно Марио да се врати во Ница, а Пјер во Арсенал, изјави селекторот Патрис Нево.

И Обамејанг има проблем со срцето по прележан КОВИД

Scroll to Top