Top Sport

Во Бразил тужба за Нејмар за хомофобија

Нејмар е обвинет дека го навредувал и му се заканувал на момчето на неговата мајка, Тијаго Рамос, најавувајќи „можноста за напад над хомосексуалец“, по што една ЛГБТ групација во Бразил поднесе тужба против ѕвездата на Пари Сен-Жермен.

Објавените аудио-разговори на Нејмар наводно покажуваат дека тој врши дискриминација над сексуалните малцинства во Бразил. Рамос бил примен во болница по инцидент во кој добил исеченици на раката, и тој и мајката на Нејмар, Надин Гонсалвес тврделе дека се работи за домашен инцидент, но снимките покажуваат дека Нејмар го нарекувал Тијаго „виадињо“, бразилски погрден термин за хомосексуалци. Покрај тоа, бразилските медиуми тврдат дека Нејмар се заканувал дека еден од неговите пријатели ќе му стави метла во анусот.

ЛГБТ Асоцијацијата на Бразил поднесе тужба до јавното обвинителство тврдејќи дека Нејмар се заканувал и бараат Нејмар и неговите пријатели да бидат уапсени за да не можат да се закануваат на сведоците. Нејмар засега нема одговорено на обвиненијата.

Мајката на Нејмар во врска со 22-годишно момче!

Scroll to Top