Top Sport

Во чест на Пеле: Статуата на Исус во боите на бразилското знаме

Смртта на Пеле го потресе Бразил и целата нација тагува за својата фудбалска легенда. Во Рио де Жанеиро решија на интересен начин да му оддадат почит на кралот на фудбалот.

Светски познатата статуа на Исус Христос, која е симбол на градот, беше осветлена во златна и зелена боја во чест на Пеле. Тоа се боите на бразилското знаме.

Пеле почина во четвртокот во болницата Алберт Ајнштајн во Сао Паоло. Бразил прогласи тридневна, а градот Сао Паоло седумдневна жалост.

Scroll to Top