Top Sport

Во Јуве од Шалке доаѓа млад Американец

Јувентус ги започнал преговорите со Шалке во врска со талентираниот Американец Вестон Мекена. 21 годишниот фудбалер може да ги покрива сите позиции во редот за врска, а најдобро се снаоѓа во центаралниот дел на теренот.

Јувентус на Шалке им понудиле да го донесат Мекена на позајмица, а потоа да го откупат неговиот договор за сума од 18 милиони евра.

Мекена минатата сезона која Шалке ја заврши на 12 место во Бундеслигата беше еден од ретките во клубот кои оставија позитивен впечаток.

Scroll to Top