Top Sport

Во Јувентус сите можат да бидат казнети освен Роналдо?

Италијанските медиуми сметаат дека во Јувентус се лицемерни со казната која ја добија Вестон Меккени, Артур Мело и Пауло Дибала за прекршувањето на протоколите за КОВИД со забавата која ја приредија во домот на Американецот, посочувајќи дека главната ѕведа Кристијано Роналдо е третирана сосема поинаку за слични престапи оваа година.

Полицијата ја растури забавата во домот на поранешниот фудбалер на Шалке, Меккени, по што денеска Пирло потврди дека играчите ќе бидат казнети и нема да се во составот за градското дерби против Торино овој викенд.

Реакциите во Италија се интересни. Роналдо беше фатен како ги прекршува протоколите а КОВИД-19 во јануари, за да помине два дена на скијање со партнерката Георгина Родригез во јануари. Според „Кориере дело спорт“, Роналдо бил „фатен“ во официјално затворен хотел за да го прослави 27. роденден на Георгина, поминувајќи ја регионалната граница помеѓу Пиемонт и Вале Д’Аоста. Тогаш Пирло го правдаше Португалецот.

„Тој имаше слободен ден и можеше да прави што сака. Сам си ја презема одговорноста за тоа што го прави“, изјави тогаш тренерот на „бјанконерите“.

Пирло: Тие кои правеа забава нема да играат во дербито

Scroll to Top