Top Sport

Навистина? Гвардиола тврди дека Сити не може да си приушти „голем напаѓач“

Пеп Гвардиола вели дека неговите Манчестер сити, еден од најбогатите клубови на светот кој никогаш не штедел на засилувања, едноставно не може да си дозволи да потпише со голем напаѓач ова лето.

Ова доаѓа по големиот број на шпекулации околу следните потези на Сити, посебно откако Серхио Агуеро потврди дека ќе замине од клубот ова лето. Со Сити беа поврзувани сите, од Лионел Меси, до Ерлинг Халанд, Килијан Мбапе, но и Ромелу Лукаку.

„Со економската ситуација во фудбалот во моментов, има голема шанса дека нема да добиеме голем напаѓач ова лето. Со сегашните цени, невозможно е да се купуваат напаѓачи. Не можеме да си ги приуштиме, сите клубови се во финансиски проблеми, дури и ние“, вели Гвардиола.

Scroll to Top