Шест години градот Милано чекаше нокаут-фазата во Лигата на шампионите да се игра на „Сан Сиро“ или „Џузепе Меаца“ стадионот.
Последен пат во Милано осмина-финале гледале во 2014 година, кога Милан во оваа фаза со вкупен резултат 1:5 од Атлетико Мадрид.
Во февруари наредната година натпревар од нокаут-фазата ќе се игра во Милано, а иронично е што актери нема да бидат клубовите одо овој град Милан и Интер, туку Аталанта од Бергамо.
Аталанта, синоќа, со победата над Шахтјор избори осмина-финале. Бидејќи стадионот во Бергамо не ги исполнува стандардите на УЕФА, домашен терен за Аталанта во европските купови е култниот стадион во Милано.