Top Sport

Играчите на Арсенал во изолација поради корнавирусот

Натпреварот од Премиер лигата помеѓу Манчестер сити и Арсенал нема да се одигра вечерва бидејќи сите играчи на клубот од Лондон се во изолација поради коронавирусот.

Играчите на Арсенал и клупскиот персонал биле во контакт со сопственикот на Олимпијакос Евангелос Маринакис на 27 февруари во текот на натпреварот што го одиграа двата тима во Лига Европа

Маринакос вчера се огласи на „Фејсбук“ и на јавноста и соопшти дека бил заразен со коронавирусот.

Мал е ризикот дека некој од фудбалерите на Арсенал е заразен бил многу низок, но според препораките на британската влада, секое лице кое било во контакт со заразен од коронавирусот мора да помине во изолација две недели.

„Играчите ќе останат дома додека не истекне периодот од 14 дена. Четворица наши вработени кое седеле во близина на Маринакис во текот на натпреварот исто така ќе останат дома“, порачале од Арсенал.

Премиер лигата соопшти дека не постоела друга алтернатива и дека морале да го одложат натпреварот.

Scroll to Top