Top Sport

Во последен миг – Ребиќ оди во Милано, но не во Интер

Италијанските и германските медиуми пишуваат дека хрватскиот интернационалец, Анте Ребиќ (25) на последниот ден од преодниот рок се сели во Милано, го напушта Ајнтрахт Франкфурт.

Иако вчера информациите беа дека Хрватот ќе ги засили „нероазурите“, сепак информациите се дека тој ќе премине во „црвено-црниот“ дел на Милано.

Милан сака да го ангажира Ребиќ на позајмица до крајот на сезоната со обврска да го откупи неговиот договор за 25-30 милиони евра.

Од Ајнтрахт информираа дека самиот фудбалер побарал денеска да не биде во конбинација против Фортуна Диселдорф во Бундеслигата.

Ребиќ во Ајнтрахт е од 2016 година, кога дојде од италијанска Верона, а претходно ги бранеше боите и на Сплит, Фиорентина и Лајпциг.

За клубот од Франкфурт хрватскиот репрезентативец одигра 75 меча, постигна 17 гола.

Scroll to Top