Top Sport

Катастрофалниот старт им пресуди на Германците во Кина, во дербито со „петлите“

Кошаркарската селекција на Франција е победник во првиот вистински дерби меч на Светското кошаркарско првенство што вчера започна во Кина.

„Петлите“ со 78-74 славеа во дуелот со Германија и ги запишаа првите бодови на Мундобаскетот.
„Панцирите“ имаа катастрофален старт на мечот. Првата четвртина ја загубија со 16-4, а по неколку минути во вториот период, на семафорот стоеше и 21-4 за Франција.

На полувреме „петлите“ заминаа со +16, 36-20.

Во вториот дел од мечот, Германците ги консолидираа редовите, се доближија резултатски па во еден период од мечот стигна на само -3, 71-68. Сепак немаа сили за целосен пресврт, па Франција ја однесе победата.

Најефикасен во победничката селекција беше Еван Фурние со 26 поени и со 10 скока, а одличен меч имаше и Амат Мбаје кој постигна 21 поен.

Кај Германија најефикасен беше Јохан Војтман со 25 поени, додека Денис Шредер запиша 23 поени.

Scroll to Top