Top Sport

Во проширениот состав на Аргентина има место и за Икарди!

Мауро Икарди е меѓу првиот проширен список на фудбалери на кој смета аргентинскиот селектор Хорхе Сампаоли, но тоа не значи дека ќе биде меѓу 23-цата кои ќе патуваат на Мундијалот во Русија.

Ѕвездата на Интер е во одлична форма во Серија А, но нема слични настапи и за Аргентина, откако беше повикан само четири пати од дебито во 2013 година. Сампаоли не ја игнорираше формата на 25-годишниот капитен на Интер и го постави во тимот од 35 фудбалери на кои планира.

Икарди во тимот е заедно со Пауло Дибала (Јувентус), капитенот Лионел Меси (Барселона) и повредениот Серхио Агуеро (Манчестер сити). Икарди имаше 23 гола за Интер оваа сезона. Конечниот тим Сампаоли треба да го соопшти на 13 мај по тренинзите во Езеиза.

Икарди и Дибала остануваат најнеизвесни имиња на овој состав, откако Сампаоли не ги повика за пријателските мечеви во март. Во тимот има уште неколку отсуства – играчот од средниот ред на Зенит, Матијас Краневитер, напаѓачот на Атлетико Мадрид, Анхел Кореа, како и ветеранот Карлос Тевез.

Фото: ЕПА

Scroll to Top