Top Sport

Во првиот меч како 40-годишник Златан го постигна првиот автогол во кариерата

Златан Ибрахимовиќ, конечно, се врати на фудбалските терени при возбудливата 4:2 победа на Милан над Болоња вчера, меч во кој имаше комплетен „сет“ од него – автогол, асистенција и гол.

Интересно, тој го започна мечот со својот прв автогол во кариерата, кога по корнерот на Нико Домингез ја смести топката во својата мрежа, по што имаше асистенција за Давиде Калабрија, за да го комплетира триумфот со убав удар во финишот на мечот.

Но, тој не е најстариот стрелец во Серија А и покрај своите 40 години и 20 дена, туку е само на четвртото место. Пјетро Виерховод имаше 40 години и 47 дена кога го постигна последнито гол, додека Силвио Пиола имаше 40 години и 131 ден. Рекордер е легендата на Милан, Алесандро Били Костакурта кој во својот претпоследен меч во кариерата во 2007 година, даде гол од пенал против Удинезе кога имаше 41 година и 25 дена.

Милан продолжи да гази – Болоња со два црвени картони не спаси реми

Scroll to Top