Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, во секој случај ќе се пресели во Реал Мадрид, тврди новинарот на „Ле Парисиен“, Жулиен Лорен. Според неговите информации, веројатно е наредното лето 20-годишниот напаѓач да пристигне на „Сантијаго Бернабеу“.
Новинарот тврди дека ќе биде потребно време двете страни да најдат „заеднички јазик“ и поради тоа не е нереално наредната сезона Мбапе да го облече белиот дрес.
Пазарната вредност на Мбапе изнесува 200 милиони евра, а наводно ПСЖ веќе одбиле една понуда од Реал.
Мбапе во 2017 година, како позајмен играч од Монако пристигна во ПСЖ, а една година подоцна клубот го откупи неговиот договор за 135 милиони евра.
Оваа сезона тој забележал 31 гол и 15 асистенции.