Top Sport

Во сенка на протестите, Валенсија со голема победа над Валјадолид

Во сенка на големите вчерашни протести на навивачите против газдата Петер Лим, Валенсија стигна до убедлива 3:0 победа над Валјадолид со која практично обезбеди опстанок во Ла лига, цел која секако нема да ги задоволи навивачите на славниот тим.

Максимилијано Гомез постигна два гола еден во финишот на првото полувреме, и еден на стартот на второто за да ја осигура победата, пред Тјери Кореа во 89. минута да стави печат на победата на „лилјаците“.

Со трите поени, Валенсија се на 13. место на табелата со 39 поени, додека Валјадолид се во далеку поопасна ситуација на 18. место со 31 поен,  само еден пред Елче и Уеска во зоната за испаѓање на само три кола до крајот.

ЛА ЛИГА, 35.КОЛО

Валенсија – Валјадолид 3:0

Хетафе – Еибар 0:1

Навивачите на Валенсија на улица, газдата Лим им порачува: Имате птици во главата

Scroll to Top