Top Sport

Навивачите на Валенсија на улица, газдата Лим им порачува: Имате птици во главата

Навивачите на Валенсија вчера излегоа на улица во протести против газдата Петер Лим по катастрофалната форма на славниот клуб оваа сезона, барајќи отчет од газдата кој го поседува клубот од 2014 година и не успеа да направи победнички тим.

По продажбата на своите најдобри фудбалери, Валенсија е само 14. во Ла лига и уште нема математички обезбедено опстанок во елитата.

Лим, кој се смета за еден од најбогатите луѓе од Сингапур со проценето богатство од над 2 милијарди евра, очигледно не мисли дека тоа е нешто за што треба да биде загрижен.

„Се обидуваат да осигураат да не го продадам клубот на некој друг. Овие луѓе се расправаат: ‘Ние сме Валенсианос, ние го знаеме клубот’, но Валенсианос банкротираа нели? Не сакам да зборувам против мојот клуб, кој има историја долга 102 години, но никогаш не сме ја освоиле Лигата на шампионите, а за тоа требаат пари. Тие имаат птици во главата, вели Лим.

Од изјавата е јасно дека Лим ја смета Валенсија за само еден од своите бизниси, но демантира дека го користи клубот за шпекулации со трансферите и профит. Тој го купи клубот за само 100 милиони евра во 2014 година.

Scroll to Top