Поранешниот европски првак, великанот на романскиот фудбал, Стеауа, доби нов стадион во Букурешт. За изградбата на стадионот кој има 31.000 места за седење биле потрошени 100.000.000 евра.
Во склоп на новиот стадион се наоѓа и клупскиот музеј во кој се зилоѓени сите клупски трофеи.
За потсетување во 2018 година клубот се соочи со сериозни финансиски проблеми. Сопственикот Џиџи Бекали си замина, а откако судот не му дозволи да ја „украде“ клупската историја, името и грбот, формираше нов клуб ФЦСБ.
Стеауа се натпреварува во Третата романска лига, додека ФЦСБ е во Првата лига. Иако клубот на Бекали е поуспешен, Стеауа успеа да ја задржи армијата навивачи, со чија поддршка во клубот се надеваат дека во годините што следат ќе се вратат во елитното друштво.
The new 100m euro Steaua stadium. pic.twitter.com/UgD1xlUm5t
— Emanuel Roşu (@Emishor) September 29, 2020