Цела Аргентина слави, откако репрезентацијата на оваа земја по третпат во својата историја стана светски првак. „Гаучосите“ на чело со Лионел Скалони триумфираа во епска драма против Франција и ги симнаа од тронот, а најголемиот сон на Лионел Меси се оствари.
Според планот, парадата со хероите на Аргентина требаше да помине покрај познатиот споменик „Обелиск“ на плоштадот на Републиката, но поради насобраната толпа полицијата решила да ја смени рутата до соседната улица.
Гледајте го во живо спектаклот во Буенос Аирес…