Фил Фоден имаше две асистенции до Ријад Марез и Џек Грилиш за 0:2 победа кај второлигашот Питерборо за пласман во четврт-финалето на ФА купот, но мечот помина во знакот на украинскиот репрезентативец Олександер Зинченко, кој од Пеп Гвардиола ја доби почеста да биде капитен на англискиот шампион.
Фудбалерите излегоа на теренот со украинско знаме, а Фернандињо му ја предаде капитенската лента на Зинченко, откако пред неколку дена самиот Гвардиола најави дека сите во клубот ќе му ја дадат потребната поддршка на Украинецот.
На теренот, отпорот на второлигашот беше скршен во второто полувреме, во само седум минути, за пласман во четврт-финалето.