Top Sport

Евертон сакаат Биелса да го „крене“ клубот

Евертон ќе се обиде да ја надмине лошата форма со ангажирање на „лудиот“ менаџер на Лидс јунајтед, Марсело Биелса.

Според „Дејли мирор“, Евертон подолго време го следат Биелса, кој во моментов е под истрага на Фудбалската асоцијација (ФА) поради шпиунирањето на тренингот на Дерби каунти. И покрај ова, Лидс се на првото место во Чемпионшип со најголеми шанси по подолга пауза да се вратат во Премиер лигата.

Од друга страна, „карамелите“ под водство на Марко Силва имаат пет порази во последните шест меча и се на деветтото место на табелата во Премиер лигата. Португалецот засега ја има поддршката на сопственикот на клубот, Фархад Мошири, меѓутоа шансите да се ангажира Биелса нема да се пропуштат, тврди „Мирор“.

Во саботата, Евертон загубија со 1:0 од Ватфорд, клубот од кој дојде Марко Силва минатиот мај.

Scroll to Top