Ливерпул немаше најдобра понеделничка вечер на „Молињу “, откако беше елиминиран од Вулверхемптон со 2:1 во 4. коло од ФА купот, и во исто време го загуби Дејан Ловрен по само шест минути игра поради повреда.
Ловрен, кој беше на мета на критичарите за неговата игра во поразот од Манчестер сити во дербито, овојпат заработи повреда без старт поради очигледна нелагодност во бутот, и во исто време му даде шанса на 16-годишникот Ки-Џан Хевер да стане најмладиот фудбалер на Ливерпул со настап во ФА купот.
„Волците“ во 38. минута од мечот дојдоа до неочекувано водство, откако по грешката на Џејмс Милнер, Мексиканецот Раул Хименез имаше одлично истрчување и без мака го совлада Симон Мињоле на голот.
Ливерпул успеа да израмни преку Дивок Ориги, кој во 51. минута упати фантастичен удар од работ на шестнаесетникот, но само четири минути подоцна, Вулверхемптон повторно беше во водство, откако Рубен Невеш од огромна далечина го матираше Мињоле.
„Коцкањето“ со вториот состав на Јирген Клоп не се исплатеше и Ливерпул сега останува во игра за два трофеи – Лигата на шампионите и Премиер лигата.
⚽ | @Raul_Jimenez9 puts @Wolves ahead! pic.twitter.com/pVGIhkdGYv
— The Emirates FA Cup (@EmiratesFACup) January 7, 2019
☄ | @DivockOrigi slams the ball into the back of the net to draw @LFC level! pic.twitter.com/QLU1bJ7v36
— The Emirates FA Cup (@EmiratesFACup) January 7, 2019
? | @rubendsneves_ pic.twitter.com/zecOXYTczM
— The Emirates FA Cup (@EmiratesFACup) January 7, 2019