Top Sport

Волфсбург ги расипа сметките на Франкфурт (видео)

Волфсбург со гол во 90-тата минута успеа да извлече 1:1 реми против Ајнтрахт Франкфурт во последниот меч од 30. коло во Бундеслигата, со што не им дозволи на „орлите“ да направат предност во борбата за пласман во Лигата на шампионите.

Мечот започна со нов протест на домашните навивачи, како и на сите понеделнички натпревари од Бундеслигата оваа сезона, кога навивачите фрлаа шарени топчиња на теренот, а поставија и банер со порака: „Понеделничките мечеви ни ги кршат јајцата“ во велигденска атмосфера на „Фолскваген стадионот“

 


Џонатан де Гузман го „скрши“ отпорот на домаќинте во 78. минута, но тоа не беше доволно за триумф, откако Американецот Џон Брукс во 90-тата минута донесе поен за Волфсбург.

Ајнтрахт останува четврти со 53 поени, два повеќе од Борусија Менхенгладбах, додека Волфсбург се деветти со 46 поени.


Scroll to Top