Новиот македонски прволигаш Воска Спорт откако доведе тренер од Црна Гора, сега продолжува и да ангажира црногорски интернационалци. Нов фудбалер на Воска е Никола Стијеповиќ, кој игра на левата бековска позиција.
Тој потпиша двегодишен договор со Воска, а доаѓа од Сутјеска.
Стијеповиќ има интернационална кариера, играл и за Кастриоти од Албанија и за Торпедо Кутаиси од Грузија.