Top Sport

Воска го доведе црногорскиот фудбалер Никола Стијеповиќ

Новиот македонски прволигаш Воска Спорт откако доведе тренер од Црна Гора, сега продолжува и да ангажира црногорски интернационалци. Нов фудбалер на Воска е Никола Стијеповиќ, кој игра на левата бековска позиција.

Тој потпиша двегодишен договор со Воска, а доаѓа од Сутјеска.

Стијеповиќ има интернационална кариера, играл и за Кастриоти од Албанија и за Торпедо Кутаиси од Грузија.

Scroll to Top