Top Sport

Воска и Беласица ќе играат бараж за Прва лига, Вардар останува второлигаш

Новиот второлигаш Воска од Западот и Беласица од Истокот се екипите кои ќе играат во баражот за пополнување на Првата лига. Тие ги освоија вторите позиции во Втората лига Запад, односно во Втората лига Исток по денешното последно коло.

Воска одигра 1:1 на гости кај Силекс, а Вардар победи (1:2) на гости против Кораби.

Ристе Илијовски во 51.минута ја доведе Воска во водство во Кратово, но израмни Ѓорѓи Танушев во 78.минута. Вардар поведе преку Давид Велковски во 23.минута, на 0:2 зголеми Петковски, а Кораби постигна почесен гол преку Еркан Шаип во 67.минута од мечот.

Беласица оствари сигурен триумф (1:3) против Кожуф. Александар Милушев погоди во петтата минута, Филип Михаилов зголеми на 0-2, а Александар Коцев од пенал постигна трет гол во 69.минута. Две минути подоцна Кожуф постигна почесен погодок.

Победа со стил го прослави пласманот во елитата и победи (1:2) против Слога во Виница. Даниел Карчески пред почетокот на мечот го прими пехарот, а потоа и го отвори резултатот во 23.минута. Израмни Иван Митров во 36.минута, а триумфот за Победа го фонесе Атхе Мазари во 80.минута.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top